
декември 10, 2021
Крводарителска акција во Американска Гимназија “НОВА ”
Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Американската Гимназија “Нова”- Скопје на 1-ви Декември 2021 година реализира крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на гимназијата во периодот од 09:00 до 13:00 часот својата хуманост на дело со дарување на крв ја покажаа вкупно 22 ученици и вработени.
За време на акцијата беа почитувани мерките и протоколите за заштита и превенција од коронавирусот КОВИД 19.




































