
ноември 3, 2020
Крводарителска акција во Автобаза на ЈСП Ѓорче Петров
Во соработка со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Институтот за трансфузиона медицина, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош на 29 Октовмри 2020 година реализаше редовна крводарителска акција.
За време на акцијата во просториите на автобазата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје во Ѓорче Петров, во периодот од 09;00 до 14;00 крв даруваа 26 вработени и при тоа беа превземени сите потребни мерки и препораки за превенција од Корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, како и темелна и навремена дезинфекција на просториите.



































