октомври 27, 2021

Крводарителска акција во Автобаза на ЈСП – Ѓорче Петров

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Автобазата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Институтот за трансфузиона медицина на 25 октомври 2021 година реализираше крводарителска акција.
 
Акцијата се одржа во просториите на Автобазата Ѓорче Петров и во периодот од 09:00 до 14:00 часот, крв даруваа 25 вработени.
 
За време на акцијата се почитуваа мерки и безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот – КОВИД 19, преку одржување на физичко растојание, дезинфекција и задолжително носење лична заштита.
 
< врати се назад