април 24, 2020

Kрводарителска акција во Автобаза на ЈСП Скопје – Ѓорче Петров

ЦКРСМ-ОО Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 23ти Април реализираше крводарителска акција.

На акцијата, која се одржуваше во автобазата на ЈСП Скопје во Ѓорче Петров, својата хуманост на дело ја потврдија 19 крводарители. За време на акцијата беа запазени сите потребни мерки и препораки за превенција од корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, како и темелна и навремена дезинфекција на просториите. Акцијата започна во 09:00 часот, а заврши во 14:00 часот.

< врати се назад