јули 26, 2020

Kрводарителска акција во Автобаза на ЈСП Скопје – Ѓорче Петров

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош  во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Јавното сообраќајно претпријатие  Скопје  на 23-ти јули 2020 година реализаше редовна крводарителска акција.

 

На акцијата, која се оспроведе во просториите на автобазата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје во Ѓорче Петров, во периодот од 09;00 до 14;00 часот својата хуманост на дело ја потврдија 19 крводарители.

 

За време на акцијата беа превземени сите потребни мерки и препораки за превенција од Корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, како и темелна и навремена дезинфекција на просториите.

< врати се назад