декември 21, 2020

Крводарителска акција во Дом на култура Ѓорче Петров

На ден 18 декември 2020 година Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Општина Ѓорче Петров реализираше крводарителска акција.
 
На крводарителската акција, која се реализираше со времетраење од 10:00-16:00 часот, се вклучија 33 хумани граѓани кои даруваа крв.
 
Беа запазени протоколите и мерките согласно КОВИД 19 и за реализација на акцијата се вклучија 3 волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
 
< врати се назад