
март 24, 2023
Крводарителска акција во ЕБР – Полициски центар Ѓорче Петров
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка Институтот за трансфузиона медицина и Единицата за брзо распоредување при МВР на 20 март 2023 година реализираше крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Полицискиот центар Ѓорче Петров во периодот од 09:00 – 14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 28 вработени.




































