август 31, 2023

Крводарителска акција во Единица за брзо распоредување на МВР

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи и Институтот за трансфузиона медицина на 22 август 2023 година реализираа доброволна крводарителска акција. На акцијата која се одржа во просториите на Полицискиот центар Ѓорче Петров во периодот од 09:00-14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 19 припадници на Единицата.

< врати се назад