март 16, 2021

Крводарителска акција во Единицата за брзи распоредувања

Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Карпош во соработка со МВР-Единицата за брзи распоредувања и Институтот за трансфузиона медицина на 15 Март 2021 година реализираше редовна крводарителска акција.
 
На акцијата која се одржа во просториите на Полицискиот центар во Горче Петров, во перидот од 09:00 до 14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 40 припадници на Единицата за брзи распоредувања.
 
За време на акцијата се почитуваа сите мерки и препораки за превенција од коронавирусот, преку одржување физичко растојание, дезинфекција и носење заштитна маска.
< врати се назад