декември 15, 2021

Крводарителска акција во Единицата за брзи распоредувања на МВР

Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош во соработка со Единицата за брзи распоредувања на МВР и Институтот за трансфузиона медицина на 14 Декември 2021 година реализираше редовна крводарителска акција.

На акцијата која се одржа во просториите на Полицискиот центар “Ѓорче Петров” во периодот од 09:00 до 13:00 часот, крв даруваа 46 вработени.

За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот – КОВИД 19, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.

< врати се назад