
март 27, 2023
Крводарителска акција во Ѓорче Петров
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со локалната самоуправа Ѓорче Петров и Институтот за трансфузиона медицина на 25 март 2023 година реализира крводарителска акција. На акцијата која се одржа во просториите на Културниот центар ,,Ѓорче Петров“ во периодот од 10:00 до 15:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 59 крводарители-граѓани од заедницата меѓу кои и вработените од општинската администрација. Акцијата беше поддржана и од градоначалникот Г-дин Александар Стојкоски кој ја истакна важноста на крводарувањето и упати апел за помасовно вклучување на граѓаните во доброволното крводарување.




































