февруари 20, 2023
Крводарителска акција во ЈСП – Ѓорче Петров
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за вработените во Автобазата Ѓорче Петров на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Акцијата се одржа на 27 октомври 2022 година од 9 до 14 часот. На акцијата, крв даруваа вкупно 20 вработени. За време на активностите беа почитувани заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
![]()



































