
август 18, 2021
Крводарителска акција во Клиничка болница Аџибадем Систина
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Клиничка болница ,,Аџибадем Систина’’ на 17 август 2021 година реализираше крводарителска акција.
Акцијата се одржа во просториите на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ и во перидот од 09:00 до 16:00 часот, крв даруваа 77 вработени.
За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот – КОВИД 19, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.




































