Крводарителскa акциja во Клиничка болница ,,Аџибадем Систина,, – Скопје
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“- Скопје и Институт за трансфузиона медицина на 26 Мај 2020 година успешно организираа и релизираа уште една крводарителска акција. Ова е трета крводарителска акција која се организираше оваа година. На почетокот на месец февруари оваа година се реализираше најмасовната акција досега во која учествуваа близу 200 вработени, втората на 13 Мај на која крв даруваа 48 вработени и третата на 26 Мај на која својата хуманост на дело ја потврдија уште 51 крводарители.
За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита .
Поради зголемените потреби на крв во овие кризни периоди во текот на јуни се најавува уште една крводарителска акција во „Аџибадем Систина“.




































