август 21, 2020

Крводарителскa акциja во Клиничка болница ,,Аџибадем Систина,, – Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“-Скопје и Институт за трансфузиона медицина на 21 Август 2020 година успешно организираа и релизираа уште една крводарителска акција.
Ова е шестта по ред крводарителска акција која се организира оваа година. На почетокот на месец февруари се реализаа две акциии на која учествуваа 191 вработени, во мај се одржаа уште две, а во Јуни и уште една крводарителска акција на кои својата хуманост на дело ја потврија уште 150 крводарители.

На 21 Август 2020 година се одржа и шестата по ред крводарителска акција на која крв даруваа 64  вработени од Клиничката болница Аџибадем Систина-Скопје, a поради зголемените потреби на крв во овие кризни периоди во текот на август  ќе се одржи уште една крводарителска акција.

За време на акцијата  се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.

< врати се назад