
јули 18, 2022
Крводарителска акција во Клиничка болница Систина
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 15 Јули 2022 година спроведе крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ – Скопје . Ова е трета крводарителска акција оваа година и на истата која се реализира во периодот од 10:00 до 16:00 часот крв даруваа и својата хуманост и солидарност на дело уште еднаш ја покажаа и потврдија 134 вработени од Клиничката болница.




































