
август 12, 2021
Крводарителска акција во Клиничка болница Жан Митрев
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка Институтот за трансфузиона медицина и Клиничка болница Жан Митрев Клиника на 11 август 2021 година реализираше крводарителска акција.
На акцијата која се одржа во просториите на Клиничката болница Жан Митрев во перидот од 09:00 до 15:00 часот, крв даруваа 26 вработени.
За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита.




































