
август 21, 2021
Крводарителска акција во МВР-Единица за брзи распоредувaња
Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Единицата за брзи распоредувања при Министерството за внатрешни работи на 20 Август 2021 година реализа редовна крводарителска акција.
На акцијата, која се оспроведе во просториите на Полицискиот центар во Ѓорче Петров – Скопје во периодот од 09:00 до 14:00 часот својата хуманост на дело ја потврдија 35 крводарители.
За време на акцијата беа превземени и се почитуваа сите потребни мерки и препораки за превенција од корона вирусот, преку одржување на физичко растојание, задолжително носење лична заштита на сите вклучени лица, како и темелна и навремена дезинфекција на просториите.




































