март 23, 2022

Крводарителска акција во МВР – Единица за брзи распоредувања

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Единицата за брзи распоредувања во Министерството за внатрешни работи и Институтот за трансфузиона медицина на 14 март 2022 година реализираше крводарителска акција. На акцијата која се одржа во просториите на Полициски центар во Ѓорче Петров во периодот од 09:00 – 14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 23 припадници на Единицата за брзи распоредувања.

< врати се назад