јуни 15, 2022

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со локалната самоуправа ,,Ѓорче Петров” и Институт за трансфузиона медицина на 14 Мај 2022 година реализира акција за доброволно крводарување.

На традиционална крводарителска акција која се одржа во Домот на културата ,,Ѓорче Петров,, во периодот од 10:00 – 16:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 53 граѓани од урбаните и месните заедници на  Општина Ѓорче Петров и вработените во општинската администрација.

Акцијата беше поддржана од градоначалникот Г-дин Александар Стојкоски истакнувајќи ја важноста и значењето на крводарителството  и соработката со Црвениот крст со повик до сите солидарни и хумани граѓани да се вклучат во оваа хумана акција и да придонесат за потребите на заедницата.

< врати се назад