јуни 15, 2023

Крводарителска акција во општина Карпош

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Општината Карпош, Здружението ГалИцко и Институтот за трансфузиона медицина на 13 јуни 2023 година спроведе редовна крводарителска акција.

На акцијата која се одржа во просторот на спортската сала на Основното училиште „Лазо Трповски“- во Карпош 3, во периодот од  09:00 до 17:00 часот, крв даруваа и својата  хуманост ја потврдија 75 граѓани и вработени од општинската администрација.

< врати се назад