Крводарителска акција во Oпштина Карпош
Во соработка со Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош на 19 мај 2020 година ја реализираше традиционалната крводарителска акција.
Во периодот од 09:00 до 17:00 часот, во просториите на основното училиште „Лазо Трповски“ Карпош 2, вкупно 43 хуманисти, граѓани и вработени во општинската администрација, даруваа крв и ја потврдија својата хуманост на дело.
И ова година на акција се придружи и крв даруваше и градоначалникот на општина Карпош, Г-дин Стефан Богоев кој ја поддржа оваа традиционална акција и ја истакна важноста и значењето на крводарителството како и соработката со организацијата на Црвениот крст и ги повика сите хумани граѓани да се вклучат во оваа хумана акција.
За време на акцијата се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од коронавирусот, преку одржување на физичко растојание и задолжително носење лична заштита .





































