
септември 26, 2023
Крводарителска акција во Полициска станица Карпош
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Полициската станица Карпош организираше крводарителска акција за вработените од Полициските станици Карпош и Ѓорче Петров. Акцијата се одржа на 19 септември 2023 година од 10 до 14 часот во објектот на ПС Карпош. На акцијата крв даруваа 11 крводарители.




































