
јануари 29, 2021
Крводарителска акција во Полициска станица Карпош и ЈСП Автобаза база Ѓорче Петров
Во соработка со Полициска станица Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, Црвен крст на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош на 21 Јануари и 2021 година реализаше редовна крводарителска акција на која крв даруваа 11 полициски службеници.

Крводарителска акција се реализира и на 28 Јануари 2021 година во просториите на автобазата на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје во Ѓорче Петров, на која во периодот од 09;00-14;00 часот својата хуманост ја потрдија 33 крводарители.
За време на акциите беа превземени сите потребни мерки и препораки за превенција од Корона вирусот, со обезбедување на заштитна опрема за сите вклучени лица, како и темелна и навремена дезинфекција на просториите.



































