јуни 8, 2023

Крводарителска акција во РЕПЛЕК АД – Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 06 јуни 2023 година спроведе крводарителска акција во компанијата Реплек АД Скопје.

На акцијата која се реализираше во периодот од 10:00 до 16:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја потврдија 39 вработени од компанијата.

< врати се назад