
јуни 9, 2022
Крводарителска акција во средното училиште „Здравко Цветковски“
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје. Акцијата се одржа на 24 март 2022 година од 9 до 14 часот и на истата крв даруваа вкупно 29 ученици и вработени.
На крводарителската акција во ова училиште, и претходеа 2 врснички едукации за 112 ученици од IV година, со цел да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв.
За време на активностите беа почитувани заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.



































