мај 23, 2023

Крводарителска акција во Студентски дом Гоце Делчев

Црвениот крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 16 мај 2023 година спроведе крводарителска акција во просториите на Студентскиот дом „Гоце Делчев“-Скопје.

На акцијата која се одржа во периодот од 12:00 до 16:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја  потврдија 45 крводарители меѓу кои студенти и вработени во студентскиот дом „Гоце Делчев“-Скопје.

< врати се назад