јануари 23, 2024

Крводарителска акција во Студентски дом „Гоце Делчев“

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и со Студентскиот дом „Гоце Делчев“ спроведоа крводарителска акција за студентите и вработените во Домот.

Пред крводарителската акција беше поставен промотивно – информативен штанд на кој студентите сместени во Домот имаа можност да се информираат за крводарителството и за претстојната крводарителската акција.

Акцијата се одржа на 14 декември 2023 година од 11 до 16 часот и на истата крв даруваа 31 крводарител, од кои шестмина даруваа по прв пат. Благодарност до сите вклучени во акцијата.

< врати се назад