
ноември 12, 2020
Крводарителска акција во СУГС „Георги Димитров“
Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 10 ноември 2020 година спроведе крводарителска акција во Средното училиште “Георги Димитров”- Скопје.

За време на акцијата која се спроведе во периодот од 10:00 до 14:00 часот крв даруваа 12 ученици од училиштето. За време на акцијата беа почитувани заштитните мерки за превенција од ширењето на коронавирусот – КОВИД 19.



































