
мај 14, 2021
Крводарителска акција во СУГС „Георги Димитров“
ЦКРСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Георги Димитров“ Скопје. Крводарителската акција се одржа на 10 мај 2021 година од 10 до 14 часот во просториите на училиштето.
На акцијата крв даруваа 20 крводарители – ученици и вработени.
За време на активностите беа почитувани заштитните мерки за спречување на ширењето и превенција од коронавирусот – КОВИД 19. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.




































