ноември 6, 2020

Крводарителска акција во СУГС „Кочо Рацин“

Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 04 ноември 2020 година спроведе крводарителска акција  во Средното училиште “Кочо Рацин”- Скопје.

За време на акцијата која се спроведе во периодот од 10:00 до 13:00 часот крв даруваа 6 ученици од училиштето. За време на акцијата беа почитувани заштитните мерки за превенција од ширењето на коронавирусот – КОВИД 19. 

< врати се назад