
декември 4, 2023
Крводарителска акција во СУГС „Никола Карев“
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Никола Карев“ Скопје. Акцијата се одржа во рамки на одбележување на патронатот на училиштето.
Крводарителската акција се одржа на 22 ноември 2023 година од 09:00 до 14:00 часот, на која крв даруваа 47 ученици и вработени.
На крводарителската акција претходеше врсничка едукација за 38 ученици со цел да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв.




































