април 29, 2021

Крводарителска акција во СУГС „Орце Николов“

ЦКРСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Орце Николов“ Скопје. Крводарителската акција се одржа на 27 април 2021 година од 10 до 14 часот, на која крв даруваа 22 ученици и вработени.
 
За време на акцијата беа почитувани заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.
 
< врати се назад