
март 24, 2023
Крводарителска акција во СУГС „Здравко Цветковски“
ЦКРСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Здравко Цветковски“ Скопје. Крводарителската акција се одржа на 22 март 2023 година од 09 до 13:30 часот, на која крв даруваа 22 ученици и вработени.
На крводарителската акција претходеа 2 врснички едукации за 67 ученици од III и IV година, со цел да се стекнат со основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв.




































