април 26, 2021
Крводарителска акција во СУГС „Здравко Цветковски“
ЦКРСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за учениците и вработените во СУГС „Здравко Цветковски“ Скопје. Крводарителската акција се одржа на 21 април 2021 година од 10 до 14 часот, на која крв даруваа 16 ученици и вработени.
За време на акцијата беа почитувани заштитните мерки за превенција на коронавирусот – КОВИД 19. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.







































