
февруари 20, 2024
Крводарителска акција во TASK FORCE Скопје
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за вработените во приватната компанија TASK FORCE – Скопје. Акцијата се одржа на 14 февруари 2024 година од 09 до 14 часот.
На акцијата, крв даруваа вкупно 41 вработен. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.




































