февруари 20, 2023

Крводарителска акција во TASK FORS – Скопје

 

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителска акција за вработените во приватната компанија TASK FORS – Скопје. Акцијата се одржа на 17 февруари 2023 година од 10 до 14 часот.

На акцијата, крв даруваа вкупно 32 вработени. Во реализацијата на акцијата поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.

< врати се назад