декември 3, 2021
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше крводарителска акција за учениците и вработените во Приватното средно училиште ,,НОВА’’.
Крводарителската акција се реализираше на 01 декември 2021 година и на истата крв даруваа 22 ученици и вработени/крводарители. Со цел поддршка на целокупниот процес на крводарителската акција беа вклучени 2 волонтери од Клубот на млади.
За време на акцијата беа почитувани мерките и протоколите за заштита и превенција од коронавирусот КОВИД 19.





































