јуни 15, 2022

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА СТУДЕНТИ

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше крводарителска акција за студентите и вработените од факултетите во кампусот во населбата Карпош 2.
Крводарителската акција се реализираше на 25 мај 2022 година од 10 до 15 часот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На акцијата крв даруваа вкупно 17 крводарители. Со цел поддршка во спроведувањето на акцијата беа вклучени 4 волонтери од Клубот на млади.
 
 
 
 
 
 
 


 
 
< врати се назад