јуни 8, 2023

Крводарителска акција за студенти

 

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше крводарителска акција за студентите и вработените од факултетите во кампусот во населбата Карпош 2.

Крводарителската акција се реализираше на 31 мај 2023 година од 10 до 15 часот во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии. На акцијата крв даруваа вкупно 53 крводарители. 

< врати се назад