март 19, 2024

Крводарителска акција по повод 17 март

По повод одбележување на 17 Март-Ден на крводарителството во Република Северна Македонија, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја спроведе    традициналната крводарителска акција.

 На акцијата која се реализира во просториите на Општинската организација Карпош во периодот од 10;00-16,00 часот крв даруваа  и својата хуманост на дело ја покажаа 54 крводарители.

< врати се назад