октомври 6, 2026

Крводарителска акција во ЕБР – Полициски центар Ѓорче Петров

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка Институтот за трансфузиона медицина и Единицата за брзо распоредување при МВР на 28 септември 2026 година реализираше крводарителска акција.

На акцијата која се одржа во просториите на Полицискиот центар Ѓорче Петров во периодот од 09:00 – 14:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 33 вработени.

< врати се назад