септември 3, 2025

Kрводарителска акција во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организција Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 28 јули 2025 година реализираа крводарителска акција во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.

Акцијата која се реализираше во периодот од 09 до 14 часот ја посетија над 15 лица, а 11 од нив успешно даруваа крв и својата хуманост ја покажаа на дело.

< врати се назад