
март 13, 2026
Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров
На 12 март 2026 година во Центарот за култура во Ѓорче Петров, Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Општина Ѓорче Петров и Институтот за трансфузиона медицина реализира крводарителска акацја.
На акцијата која се спроведе во периодот од 12;00 до 18:00 част, крв даруваа 82 граѓани што претставува рекорден одзив досега а крводарителите со својот хуман гест уште еднаш ја покажаа солидарноста и подготвеноста да помогнат таму каде што е најпотребно.




































