
јули 1, 2025
Крводарителска акција во општина Карпош
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со општина Карпош и Институтот за трансфузина медицина на 4 јуни 2025 година ја реализираше третата по ред крводарителска акција чиј иницијатор е здружението Галицко, а истата се реализира во чест на диџеј Ицко -жител на општина Карпош кој го загуби животот во време на ковид-пандемијата.
На акцијата која се одржа во просториите на спортската сала на основното училиште „Лазо Трповски“, во период од 09:00-17:00 часот крв даруваа 89 хумани крводарители- граѓани, вработените од Општина Карпош како и работниот персонал од детските градинки и основни училишта на територија на локалната самоуправа Карпош.




































