септември 26, 2025

Крводарителска акција во општина Сарај

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со општина Сарај и Институтот за трансфузиона медицина на 17 септември 2025 г. организираше крводарителска акција во просториите на општина Сарај од 10 до 16 часот.

Акцијата беше посетена од повеќе од 45 лица меѓу кои вработените од општинската администрација, воспитно-образовните институции, компании и граѓани, а од нив 28 крводарители успешно даруваа крв. Акцијата ја посетија и на истата крв даруваа г-дин Саит Саити – Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија и г-дин Иљас Весели – Градоначалник на општина Сарај.

< врати се назад