мај 26, 2026

Крводарителска акција во „Trust the process by Irla“

На 04.04.2026 година, во просториите на салата за вежбање „Trust the process by Irla“, за прв пат беше реализирана крводарителска акција. Благодарение на сите хумани граѓани кои се одзваа на повикот, беа реализирани вкупно 26 крводарувања, со што уште еднаш се потврди значењето на солидарноста и подготвеноста да се помогне и да се спаси нечиј живот.

< врати се назад