
јуни 22, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА МЛАДИ
Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција за студентите и вработените во Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Акцијата ја посетија 40 лица, од кои 33 успешно даруваа крв.
Упатуваме благодарност до Студентскиот дом, Советот на станари и до сите крводарители кои ја посетија акцијата. Секоја дарувана единица крв претставува надеж и можност за спасување на човечки живот, а младите уште еднаш покажаа дека се значаен двигател на хуманите иницијативи во нашето општество.






































