октомври 28, 2022
Крводарителски акции и едукации за доброволно крвoдарување во средните училишта
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 13 и 14 oктомври 2022 година спроведе крводарителски акции во средните училишта „Георги Димитов“ и „Орце Николов“ на кои крв даруваа вкупно 45 ученици и вработени.
На крводарителските акции во двете училишта, им претходеа 3 врснички едукации за мотивирање на средношколската младина и вклучување на процесот на дарување на крв со кои беа опфатени 71 ученик.




































