октомври 25, 2021

Крводарителски акции и едукации за мотивирање на млади крводарители

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина организираше крводарителски акции за учениците и вработените во Средните училишта “Лазар Танев” и “Никола Карев’’ во Скопје. На двете акции кои се реализираа на 19 и 21 oктомври 2021 година во периодот од 09 до 14 часот крв даруваа вкупно 37 ученици и вработени од училиштата.

 

На крводарителските акции во овие две училишта, им претходеа 3 врснички едукации за 85 ученици со цел стекнување основни познавања од областа на крводарителството и процесот на дарување на крв. 

 

За време на активностите доследно се почитуваа заштитните мерки за превенција на КОВИД 19, а во реализација на крводарителските акции и врсничките едукаци поддршка дадоа и волонтерите од Клубот на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош.

 

 

 

< врати се назад